Бектеши: Нема институција што не дала позитивно мислење за рудниците од 2005 година наваму

Од:

Министерството за економија ниту излажало ниту ставило во заблуда некого во однос на рудниците во Струмица, туку само ги следеше настаните и одлкуките, истакна министерот Крешник Бектеши во образложението како е донесена одлуката за спојување на концесиите Иловица-Штука.

– Не се работи за една, туку за две концесии. Втората концесија ја заобиколува првата концесија на истиот концесионер и истата фирма заведена во Централен регистар. Првично согласно тогашните законски прописи, барање за концесија за детални геолошки истражувања е доставено во 2005 година. Согласно Законот за минерални суровини, добиено е позитивно мислење од министерството за животна средина и од страна на министерството за земјоделие. Имајќи го во предвид ова мислење, Владата со предлог од моето министерство носи одлука за давање концесија за вршење детални геолошки истражувања.

Откако е донесена одлуката, потпишан е договор за истражувањата за првата концесија. Во меѓувреме се менува Законот за минерални суровини со што се менува и постапката за концесија.

Втората фааза е барање за експлоатација и согласно тоа барање министертвото за економија доставило барање до институциите од тоа време во 2011/2012 година и на сите барања позитивно одговориле: министерство за животна средина одговорило на три, а министерството за земјоделие, за култура и за транспорт и врски одговориле позитивно на по едно барање.

Обврска на министерство за економија во тоа време било да побара мислење и од Советот на општината. Од 5 март 2012 е пристигнато позитивно мислење од страна на општината Босилово. Откако се пребиени сите позитивни мислења, министерството за економија дава предлог одлука до
Владата која донела одлука за коценсија за експлоатација на 16 јуни 2012 година и е потпишана од Зоран Ставревски – образложи Бектеши.

Бектеши ја објасни постапката и за втората концесија.

-Откако е објавена одлуката на Владата, е потпишан договор со Еуромакс за концесија за експлоатација на минерална суровина во општина Босилово село Иловица. Откако е завршена и втората фаза за првата концесија, во меѓувреме Владата донела одлуки за јавен повик за втората концесија која ја заобиколува првата концесија. Добиени се позитивни мислења од сите институции кои ги побарало министерството за економија и врз основа на тие Владата носи одлука за доделување концесија за детални геолошки истражувања во 2010 година потпишана од Зоран Ставревски. Откако е донесена одлуката, министерството за економија потпишало концесија за истражување на бакар и злато во општина Босилово и е потпишана од министер Фатмир Бесими.

Право на секој концесионер е да оди на втора фаза и откако доставиле барање за да добијат концесија за експлоатација, министерството за економија побарало мислење од институциите како што направило и за првата концесија. Добиени се позитивни мислења за експлоатација од министерствата за земјоделие, животна средина, министерство за култура, Завод за заштита на спомениците во Струмица, Управа за заштита на куклтурно наследство, од страна на општина Ново Село, затоа што втората концесија влегува во просторот на општина Ново Село не само во Босилово. Сите институции дале позитивно мислење за втората концесија за експлоатација. Со овие мислења е доставена информација до Владата која носи одлука за доделување на концесија за експлоатација потпишана од Никола Груевски.

Откако се завршени двете фази и дадени концесии за експлоатација, следна фаза е дозвола за експлоатација за да може да влезе на терен и да почна да експлоатира руда. Но, пред да се направи тоа, имајќи го во предвид членот 61 од Законот за минерални суровини, концесионерот имал право соседните свои концесии да ги спои и доставил барање за спојување на истите.

Министерството за економија направило комсја и на терен е потврдено дека концесионерот ги исполнува условите за да ги спои. Повикувајќи се на записникот од увидот министерството доставило предлог одлука за спојување на концесиите во 2016 година. Истата предлог одлука што пред еден месец е доставена до Владата. Имало технички проблеми во делот на координатите и затоа Владата во тоа време не носи никаква одлука, ни негативна ни позитивна – вели Бектеши.

Тој како министер во 2018 година го обновил барањето до Владата, но иако било ставено како точка на дневен ред на четири седници по ред, не била донесена одлука со што му се дал простор на концесионерот да ја тужи Владата за одбивање решение за дозвола на експлоатација.

– Првично е поднесено барање за спојување и потоа е доставено барање за дозвола за експлоатација за првата концесија. Имајќи во предвид дека имало претходно барање од истиот концесионер, министерствот за економија го одбива барањето за првата концесија како некомплетирано барање со нецелосни документи: носење на урбанистички план, решени имотно-правни односи, студија за заштита на животна средина во која требало да има јавна расправа за потребата.

Имаме одлука од Судот каде што првата концесија е вратена на концесионерот што значи дека ние се враќаме во 2016 година. Ние не можеме да носиме одлука кога има судска постапка. Кога е завршена цела постапка, ние носиме одлука. Еуромакс има сопственост врз двете концесии, тие не се одземени од Владата и затоа имаат право да го обноват барањето за спојување на концесиите.

И согласно нивото барање и насоките од Управниот суд кој го наложува министерството за економија да постапи согласно прописите. Ние тоа го направивме и доставивме предлог-одлука до Владата повикувајќи се на документацијата која ја прочитав од 2005 година – додаде тој.
Но, Одлуката на Владата е престанок на одлуката на важење за спојување на концесиите донесена она 27 јуни, а концесиите се се уште во сопственост на „Еуромакс ресурсес“.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Кој ќе ја плаќа отштетата за пропаднатите рударски инвестиции?

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

(ВИДЕО ) „Еуромакс ресоурцес“ со последна опомена до власта да го почитува законот, пред да почнат арбитража тешка милијарди евра

Орце Костов

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

Орце Костов

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина