Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

Од:

Потрошувачите на електрична енергија имаат законско право на визуелен пристап до сопствените броила, а секое спречување на тој пристап од страна на операторот на електродистрибутивниот систем – во овој случај ЕВН – претставува прекршување на Законот за енергетика. Со новиот закон кој стапи на сила на 29 мај 2025 година, операторот е обврзан да овозможи визуелен пристап до мерниот уред, односно потрошувачот да може лично и во секое време да го види и провери податокот што уредот го регистрира. Поставувањето на броила во затворени кутии, на височина недостапна за граѓанинот, во заклучени и невидливи за граѓанинот простории или поставено во ормари каде не може да се види броилото, претставува правно недозволено постапување.

Законот предвидува глоба од 1.000 до 3.000 евра за операторот ЕВН ако не го исполни ова свое законско задолжение. Тоа значи дека секој граѓанин што не може да го види својот броило, ниту да го контролира внесениот податок за потрошувачка, има право да поднесе претставка и да бара инспекциски надзор и санкционирање на операторот. Ова се однесува и на случаи кога броилата се поставени зад метални мрежи, стакла кои не дозволуваат читање, или ако се наоѓаат на несоодветни и небезбедни места што го оневозможуваат пристапот.

Поднесено е официјално барање до надлежните инспекциски органи: Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и Државниот пазарен инспекторат како и Министерството за енергетика, за да се потврди кој од нив е конкретно надлежен за постапување и санкционирање во овие случаи. Веднаш по добивањето на нивниот одговор, јавноста ќе биде информирана кој инспекциски орган е директно одговорен за постапување по претставки за оневозможен пристап до броилата.

Граѓаните треба да бидат свесни за своето право на увид и проверка на сопствената потрошувачка и да се охрабрат да го пријавуваат секое прекршување. Неовозможувањето на пристап до мерниот уред не е техничко прашање, туку директна повреда на законска обврска и причина за санкција. Броилата иако се сопственост на ЕВН, тие истовремено се дел од јавна услуга, а пристапот до нив е неопходен елемент на транспарентност, контрола и заштита на потрошувачот, информираат од ИНРМ (инженери на Република Македонија).

Би можело да ве интересира

Кошутиќ: Надлежните институции и ЈО да го разгледаат ревизорскиот извештај за Железници Транспорт, да се утврди одговорност

Предраг Петровиќ

На 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен им се исплатени средства во филијалата на Алта банка во Битола

Ангел Анѓушев: За успех на странските пазари не е доволна само добра цена, туку и висок квалитет

Предраг Петровиќ

Андоновски: Европската комисија го потврди одличниот напредок во дигиталната трансформација на државата

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европската комисија нотира добро ниво на подготвеност на Царинската управа во спроведување на реформите за забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ