Значајна победа за Лирија на гостувањето во Куманово

Од:

Во натпревар со многу пресврти и неизвесна завршница вечерва во Куманово, истоимената домашна екипа е поразена од Лирија со резултат 78:79.

Гостите од Скопје ги добија првиот и последниот период со 25:17 и 26:13, а кумановчани беа подобри во втората четвртина со 19:13 и треттата со 29:15.

Куманово во последните три минути од натпреварот влезе со пет поени предност (74:69),но и тоа не беше доволно домашните кошаркари да ја постигнат седмата победа.

Со вечерашниот триумф остварен во рамките на 10.коло од Првата македонска кошаркарска лига, Лирија се искачи на првото место на табелата со седум победи и три порази во исчекување на другите средби од оваа рунда кои ќе се одиграат утре.

Двојките за утрешните натпревари се: Пелистер Спорт – Вардар, Струмица – Кожув и Работнички – Фени Индустри.

По завршувањето на 14.коло, петте најдобропласирани екипи ќе му се приклучат на МЗТ Скопје Аеродром во Суперлигата.

Табела: Лирија 17 бодови (натпревар повеќе), Кожув 16, Куманово 16 (натпревар повеќе), Фени Индустри 15, Струмица 14, Работнички 13, Вардар 11, Пелистер Спорт 9.

Фото: Екипа

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ