Злато за Лохте, Фелпс без медал

Од:

Американецот Рајан Лохте триумфираше на трката на 400 метри мешано со време 4:05:18 и го донесе првото злато за САД.

Среброто му припадна на Бразилецот Тијаго Переира, додека бронзен медал освои Косуке Хагин од Јапонија.

Освојувачот на злато во Пекинг, Мајкл Фелпс заврши на четвртото место.

Нов олимписки рекорд постави Јанг Сун во финалната трка на 400 метри слободен стил. Пливачот од Кина со резултат 3:40:14 беше за седум стотинки побавен од светскиот рекорд на Бидерман, кој испадна уште во квалификациите. Сребрениот медал го освои Таекван Парк од Јужна Кореја, кој беше диквалификуван, па по жалбата беше вратен во финалето. Зад пливачите од Азија, финишираше Питер Вандеркеј од САД.

Во женска конкуренција, на 400 метри мешано, Шивен Је им го донесе на Кинезите вториот златен медал, зачинет со светски рекорд.Је исплива 4:28:43 што е за секунда и две стотинки подобро од постигнувањето на Автралијката Стефани Рајс во Пекинг 2008. година. Сребрениот медал и припадна на Елизабет Бејсел од САД, успехот на Кина го заокружи Ли Хуанжу со пласман на 3. место.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?

Јапонија пред договор со ИОК за организација на Олимпијадата во 2030 година

Ана Ололовска

Русија ќе се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри 2036

А1он

САД објавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

А1он