„Златанера“ – нов термин во шведскиот јазик

Од:

Успесите на шведскиот фудбалски интернационалец Златен Ибрахимовиќ се проследени со појава на нов термин во Франција – „Златанова ера“. Во последно време медиумите се почесто го употребуваат истиот термин и во Шведска.

„Златанова ера (Златанера)“ е сортиран во новата листа на шведскиот Јазичен совет за 2012 година. Значењето е „да се направи нешто силно“, или да се „доминира“.

Златан Ибрахимовиќ, кој има бошњачко потекло, брзо стана фаворит на навивачите на ПСЖ. Успесите во Франција, заедно со успешната есен во дресот на шведската фудбалска репрезентација, направија Златан да биде попопуларен од кога и да било и на домашен план во Шведска.

Во испитувањето на јавното мислење што го спроведе шведскиот институт „Сифо“, а чии резултати денеска се објавени во списанието „Спортбладет“, 46 проценти од испитаниците се изјасниле дека од активните спортисти во Шведска моментно најмногу го сакаат Ибра – Златан Ибрахимовиќ.

Со тоа Златан четврта година по ред, и со мошне голема разлика во своја полза, се најде на врвот на листата на најпопуларните шведски спортисти.

– Навистина е убаво да се добие гласот на народот. Тоа значи дека имам фантастична поддршка дома, вели Ибрахимовиќ.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ