Зидан: Со одењето на Мурињо добив поактивна улога

Од:

Зинедин Зидан, поранешниот светски фудбалер број 1 и сегашен спортски директор во Реал Мадрид изјави дека сезонава има поактивна улога во „кралскиот клуб“.

– Со одењето на Жозе Мурињо и доаѓањето на Карло Анчелоти на тренерското место, добив поактивна улога. Со Анчелоти секојдневно разговараме околу поставеноста на играта и тактичките замисли. И кај Мурињо имав можност да го кажам моето мислење и тој тоа го почитуваше, но со новиот тренер има состаноци скоро секој ден, изјави Зидан.

Делод спортската јавност во Шпанија токму Зидан го посочува како главен виновник за напуштањето на Месут Озил и Гонзало Игуаин на Мадрид, како и за „форсирањето“ на неговиот сонародник Карим Бензема како прва опција во нападот на Реал.

Реал Мадрид имаше бурен преоден рок со неколку звучни засилувања, но не направи старт според очекувањата на неговите навивачи.

По осум одиграни кола Реал заостанува пет бодови во однос на водечкиот тандем Барселона и Атлетико Мадрид.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ