Зидан го менува Алегри при еден услов

Од:

Тренерот на италијанскиот шампион Јувентус – Макс Алегри, донел одлука да ги напушти „бјанконерите“ по крајот на сезоната, тврди „Мундо Депортиво“.

Договорот на тактичарот од Ливорно е до летото 2020 година, но тој има намера да си замине по оваа кампања, без разлика на нејзиниот исход. При триумф во Лигата на Шампионите, Алегри ќе ги има освоено сите трофеи со Јуве, а при елиминација, не е исклучено и раководството да го ослободи. Затоа стратегот, наводно, одлучил да замине.

Тој веќе е петта година на чело на шампионите во Серија „А“ и за овој период освои историски четири последователни титули и тимот играше две финалиња во Лигата на шампиони, изгубени со 1:3 од Барселона и 1:4 од Реал Мадрид.

„Старата дама“ веќе е подготвена со негов заменик. Тоа е Зинедин Зидан, кој во моментов е слободен, откако летоска го напушти „Сантијаго Бернабеу“, освојувајќи категорични три последователни трофеи во ЛШ. Името на француската легенда е поврзувано и со Манчестер Јунајтед, но се претпоставува дека тој не ја прифатил понудата од „Олд Трафорд“, бидејќи сонува да се врати во Торино.

Зидан го носи „црно-белиот“ дрес како фудбалер меѓу 1996 и 2001 година и одлично ја познава ситуацијата во клубот.

Би можело да ве интересира

Зидан би можел да седне на клупата на Ливерпул

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска