Жиру: Загрижен сум за можноста да играме без навивачи

Од:

Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру изјави дека е загрижен за играњето без навивачи, но среќен што повторно е со своите соиграчи.

Англиското фудбалско првенство ќе продолжи на 17 јуни по скоро 3 месеци пауза поради пандемијата од коронавирус, но на стадионите нема да бидат дозволени гледачи.

– Почнавме да тренираме на 19 мај. Одлично е да се вратиме на теренот, повторно да ги гледаме нашите соиграчи и само да играме фудбал. Ми недостасуваше сето тоа, рече Жиру во интервјуто за официјалната веб-страница на УЕФА.

Тој вели дека сè е многу невообичаено, откако работат во групи од пет лица и неопходно е да се задржи растојание од најмалку два метра, што значи дека физичкиот контакт е исклучен.

– Двапати неделно се тестираме за коронавирус. Не користиме простории за сместување, не се тушираме. Мораме да се пресоблечеме пред да заминеме дома. Покрај тоа, во моментов е многу жешко … Не се жалам, но многу се потиме! Ми недостасуваат натпреварите, адреналинот, навивачите. Загрижен сум за можноста да играм без публика. Но, сè е добро, сите роднини се здрави, така што не е редно да се жалам, рече францускиот напаѓач.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ