ЖФК „Каменица Саса” ги заврши настапите во женската Лига на шампиони со пораз од Бешикташ

Од:

Со пораз од екипата на Бешикташ, женскиот фудбалски клуб „Каменица Саса” ги заврши настапите во квалификациите за Лигата на шампионите во женска конкуренција. Во вториот натпревар од група 8, кој се играше исто така во Торино, во разигрувањето за трето место каменичанки во вториот натпревар беа поразени со (4:0)

Според информациите од терен, девојките од Македонска Каменица одиграле цврсто во одбраната во првиот дел, но во второто полувреме Турчинките со подобра игра, особено во вториот дел од второто полувреме успеаја четири пати да го погодат голот на Гвождерац.

И покрај поразот, во кратката изјава по натпреварот најдобриот стрелец во екипата во домашното првенство, Ана Димитровска, им честиташе на своите колешки за залагањето, додавајки дека и самиот пласман во најелитното европско натпреварување за дами е огромен успех.

Во претходниот натпревар кој се одигра во среда, во полуфиналето каменичанки загубија од домаќинот на турнирот „Јувентус“, додека екипата на Сент Полтен беше подобра од Бешикташ.

Би можело да ве интересира

ЖФК Љуботен Тетово и годинава со нови засилувања од Бразил

Ана Ололовска

Кадетките и младинките ги дознаа ривалите во фудбалската Лига на нации

А1он

Француска репрезентативка притворена за физички напад

А1он

Прв триумф на македонските фудбалерки во мундијалските квалификации

А1он

Женската фудбалска репрезентација У19 со победа ги почна евроквалификациите

А1он

Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификациските натпревари со Летонија и Луксембург