„Женска трка“ како апел за водење здрав живот

Од:

Преку организирање „Женска трка“ на 14 април во Градскиот парк во Скопје, неколку иницијатори ќе се обидат да ја потсетат јавноста на потребата од водење здрав живот и вежбање и активна грижа за здравјето.

Подржувачи и промотори на трката се Весна Кираџиева, актуелна рекордерка на Македонија во полумаратон и најдобропласирана македонка на минатогодишниот Скопски маратон, Искра Јовановска, која преку социјалните мрежи ја формираше групата за рекреативно трчање “Трчаме Заедно”, иницијатива за покренување на свеста кај жените за водење на здрав живот преку рекретивно трчање. Меѓу промоторите е и пејачката Викторија Лоба, која редовно практикува рекреативно трчање.

Женската трка е една од промотивните трки на Скопскиот Маратон 2013.

– Земајќи предвид дека жените во ова модерно и динамично живеење имаат се повеќе обврски, а се помалку време за себе и за вежбање ризикот од заболувања е се поголем. По тој повод сакавме да ја направиме женската трка која е една до многуте промотивни трки нa Скопскиот Маратон 2013 се со цел да ја подигнеме свеста кај жените на едно повисоко и сериозно ниво за превенција од заболувањата со активно вежбање. Овој непобитен факт ние сакаме да го смениме. Почнувајќи сега и тука – изјави Кире Синадиновски, директор на Скопски маратон.

Трката нема натпреварувачки карактер, сите учеснички што ќе ја завршата трката се победници. По завршувањето на трката е предвидена лотарија за учесничките каде ќе бидат доделени награди од спонзорите по пат на лотарија.

Трката ќе се одржи в недела, 14 април, Стартот е кај Школка, во 10.30 часот започнува загревањето со аеробик вежби. Во 11 часот трката стартува. Ќе се трча 1.000 метри, еден круг околу Градскиот парк.

Патеката ќе биде означена и обележена со конуси и траки. Долж патеката ќе има поставено волонтери Заинтересираните може да се информираат на официјалниот веб-сајт на Скопскиот Маратон. Пријавувањето ќе трае до 10 април.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он