Жак Рог му оддаде признание на Лондон, кој по трет пат е организатор на Олимпијада

Од:

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) му оддаде синоќа признание на Лондон, како првиот град во светот што по трет пат во својата историја е домаќин на Олимписки Игри.

Отворајќи ја сесијата на ИОК, во зградата на Кралската опера Ковент Гарден, Жак Рог истакна дека овие Игри ќе го примат на себе големиот косполитизам што го има Лондон и ќе остават значајно и позитивно наследство.

Жак Рог (70), кој на оваа функција е од 2001 година, во септември следната година ќе замине во пензија, па лондонската Олимпијада се негови последни Игри.

Лондон ја доби организацијата на оваа Олимпијада на специјалниот состанок на ИОК во Сингапур, по „мртвата трка“ со Париз, во која силно беа вклучени и тогашните политички лидери на Велика Британија и Франција, премиерот Тони Блер и претседателот Жак Ширак.

Претседателот на ИОК во своето синоќешно обраќање пред членовите на комитетот, на некој начин објасни зошто е Лондон првиот град што три пати ги угостува олимпијците во светот. Првиот пат во 1908 година, Лондон се нафати да организира Олимпијада, откако Рим се откажа по катастрофалната ерупција на вулканот Везув.

„Благодарение на успешното организирање, за прв пат беа воспоставени стандарди во судењето и во квалификациите за натпреварувањата, што се основа и денеска, па затоа тие Игри може да се означат и како првата вистинска Олимпијада во историјата на олимпиското движење“, рече Рог.

Тој му оддаде признание на британскиот главен град и за прифакањето на Олимпијадата во 1948 година, означувајќи го како храбро решението да се организира толку голема манифестација во „тешко време“, по Вторатата светска војна и во услови на остро мерки за штедење и рационализација.

ПретходноРог, во интервју за Би Би Си, изјави дека сите проблеми со обезбедувањето на оваа Олимпијада се надминати, по скандалот со приватната компанија Г4С и нејзиниот неуспех да квалифицира и обезбеди над 10.000 луге.

„Проблемот е разрешен, решението за повикување на војници е разумна одлука и сега одиме натаму“, изјави Рог, инсистирајќи дека има целосна доверба во начинот на кој се уредени обезбедувањето и вкупната безбедност на овие Олимписки Игри.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?

Јапонија пред договор со ИОК за организација на Олимпијадата во 2030 година

Ана Ололовска

Русија ќе се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри 2036

А1он

САД објавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

А1он