Милан го сака, но и други го сакаат и не жалат за парите. Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ ги брои деновите до почетокот на Европското првенство, но очигледно има „слатки болки“ каде ќе ја продолжи кариерата следната сезона.
Како што тврдат извори блиски до играчот на Милан, заминувањето во Саудиска Арабија во моментов не е опција за Лука но и тој не сака. Од Италија се почесто се слуша дека Милан го посакува во следните три години, но вистинската „бомба“ доаѓа од Русија.
Зенит е спремен за да го направи Лука Јовиќ можеби еден од најплатените играчи во историјата на лигата – му нудат неверојатни 50 милиони евра за четири години. Иако финансиската понуда е исклучителна, Лука не сака да носи избрзани одлуки. Моментално целосен фокус е српската репрезентација и најдобрата можна подготовка за ЕУРО 2024, каде српската репрезентација на 16 јуни во Гелзенкирхен ќе го одигра првиот натпревар против Англија.