Мајорал оди во Рома, Јовиќ останува во Реал

Од:

Резервистот на Реал Мадрид Борха Мајорал го напушта клубот и ќе се пресели во Рома на позајмица со опција за откуп, објави „Кадена КОПЕ“. Ова автоматски значи дека Лука Јовиќ ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ и нема да замине во Манчестер Јунајтед или друг клуб.

Денес во Рим се одржа средба меѓу агентот на Мајорал и претставници на „волците“, на која двете страни се согласија за деталите.

Дваесет и три-годишниот Борха е дете на Реал, но во последните неколку сезони беше позајмуван во Волфсбург и Леванте.

Во изминатите три натпревари на „белите“ во Ла Лига, тој запиша само 21 минута на теренот.

На располагање на Зинедин Зидан му останува и Маријано Дијаз, кој досега играше премалку.

Би можело да ве интересира

Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

Белингем го повреди мускулот на десната нога

Горан Наумовски

Мајорка го запре Реал Мадрид на стартот од новата сезона во Ла Лига

Гледањето на Реал Мадрид на стадион станува луксуз

Предраг Петровиќ

Еден час прекин поради гром на дуелот Барселона – Реал (2:1)

ВИДЕО: Спектакуларна промоција на Мбапе пред 80 илјади навивачи на Реал Мадрид