Зеленортските острови го елиминираа Камерун

Од:

Познати се имињата на сите 15 репрезентации, кои низ квалификациите изборија пласман на Африканскиот куп, чиј домаќин ќе биде Јужна Африка.

Најголемото изненадување, во бараж мечевите го направи селекцијата на Зеленортските острови која го елиминира Камерун.

Резултати:

Уганда-Замбија 1:0, 8:9 по изведувањето на пенали (прв натпревар 0:1)
Того-Габон 2:1 (прв натпревар 1:1)
Малави-Гана 0:1 (прв натпревар 0:2)
Тунис-Сиера Леоне 0:0 (прв натпревар 2:2)
Боцвана-Мали 1:4 (0:3)
Сенегал-Брег Слонова коска 0:2 (прв натпревар 2:4)
Етиопија-Судан 2:0 (прв натпревар 3:5)
Камерун-Зеленортски острови 2:1 (прв натпревар 0:2)
Нигерија-Либерија 6:1 (прв натпревар 2:2)
Мароко-Мозамбик 4:0 (прв натпревар 0:2)
Ангола-Зимбабве 2:0 (прв натпревар 1:3)
Нигер-Гвинеја 2:0 (прв натпревар 0:1)
Екваторијална Гвинеја-ДР Конго 2:1 (прв натпревар 0:4)
Буркина Фасо-Централноафриканска Република 3:1 (прв натпревар 0:1)
Алжир-Либија 2:0 (прв натпревар 1:0)

Покрај домаќинот Јужна Африка, пласман на завршниот турнир изборија репрезентациите на Замбија, Того, Гана, Тунис, Мали, Брегот Слонова коска, Етиопија, Зеленортски острови, Нигерија, Мароко, Ангола, Нигер, ДР Конго, Буркина Фасо и Алжир.

Купот на африкански нации ќе се одржи од 19. јануари до 10 февруари следната година.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ