Почнувајќи од 2019 година па натаму, финалето во Лигата на Европа ќе се игра во иста седмица со финалето на Лигата на шампионите. Ова одлука денеска ја усвои Европската фудбалска федерација (УЕФА).
До сега, завршниот дуел во второто по квалитет клупско континентално натпреварување се играше десет дена порано од финалето во ЛШ.
Оваа сезона борбата за трофејот во ЛЕ е закажана за 25 мај, а финалето во ЛШ ќе биде на 3 јуни.
Покрај одлуката за доближувањето на завршниците во двете најсилни клупски натпреварувања, УЕФА на денешниот состанок во Хелсинки, Финска, објави дека Европското првенство за фудбалери до 21 година во 2019 година ќе биде одржано во Италија во периодот 16-30 мај.