Заврши летниот камп за млади фудбалерки во Дојран

Од:

Еднонеделниот летен камп за млади фудбалерки што го организираше Фудбалската федерација за 40 талентирани девојчиња од земјава, родени од 2007 до 2009 година, заврши синоќа на терените на „Истатов“ во Нов Дојран.

Според тренерката Бојана Танова, целта на проектот била да се едуцираат и селектираат млади девојки од кои би се направила женска репрезентација за фудбалерки до 15-годишна возраст.

Младите фудбалерки тренирале два пати на ден под надзор на лиценцирани тренери и професори по физичко образование кои им помогнале да напредуваат во фудбалските вештини и полесно да стигнат до репрезентативен квалитет.

Годинава координатор на проектот е поранешниот селектор на женската репрезентација Добре Димовски.

–Кампот функционираше одлично и се надевам дека успеавме нашето искуство на најдобар начин да им го пренесеме на девојчињата и да извлечеме многу позитивни работи, рече Димовски и најави дека следниот собир на млади фудбалерки ќе се одржи во текот на јуни.

Би можело да ве интересира

ЖФК Љуботен Тетово и годинава со нови засилувања од Бразил

Ана Ололовска

Кадетките и младинките ги дознаа ривалите во фудбалската Лига на нации

А1он

Француска репрезентативка притворена за физички напад

А1он

Прв триумф на македонските фудбалерки во мундијалските квалификации

А1он

Женската фудбалска репрезентација У19 со победа ги почна евроквалификациите

А1он

Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификациските натпревари со Летонија и Луксембург