Започна пријавувањето за трката „Халк Еко Скопје ран 10КМ“

Од:

Сојуз на спортови на Скопје, заедно со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје, по една година пауза, на 13 јуни 2021 година, во 08:00 часот, ќе ја одржат традиционалната трка „Халк Еко Скопје ран 10КМ“ .

Пријавувањето ќе трае до 4 јуни 2021 година, односно до пополнување на предвидениот број на учесници. При процесот на пријавување учесникот ќе треба да го одбере таргет времето за кое би ја истрчал трката, според кое ќе биде распореден во стартната зона.

– На стартот на трката тркачите ќе бидат распоредени во пет стартни боксови според таргет времето кое го имаат одбрано при процесот на пријавување. Во секој стартен бокс помеѓу тркачите ќе има растојание од 1,5 метар, а носењето на заштитна маска ќе биде задолжително цело време, освен за време на трката. Учесниците ќе стартуваат на секои 10 секунди по 5 учесници, се наведува во соопштението.

Сојуз на спортови на Скопје, настанот го одржува во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје и спонзорот „Халк Банк“.

Би можело да ве интересира

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди

(ВИДЕО) Српската кралица на атлетиката ја освои планетата: Ивана Вулета е светска шампионка