Загриженост во НБА поради растот на новозаразени на Флорида

Од:

Порастот на бројот на случаи на заразени со коронавирус во американската сојузна држава Флорида, забележан изминатите денови, донесе загриженост кај челниците на НБА, но и кај играчите, пред продолжението на сезоната закажано за 31 јули, јавуваат американските медиуми.

Сезоната, која беше прекината во март поради пандемијата, треба да продолжи токму на Флорида, во комплексот „Светот на Волт Дизни“ во Орландо. 22 екипи ќе играат натпревари, според планот на лигата, а тимовите ќе бидат сместени во хотели на Дизни во окрузите Оринџ и Осиола.

Округот Оринџ регистрира 1.285 новозаразени во изминатите два дена, според Одделот за здравство на Флорида.

Гувернерот на државата, Рон Десантис, во изминатите недели притискаше да се продолжи со професионалните спортови во Флорида, но во последните два дена, според извештаите, тој не се слушнал со челниците на НБА.

„Колку што јас знам, никој нема зборувано со НБА“, изјави денес Хелен Агире Фере, портпаролката на канцеларијата на гувернерот.

Извршната директорка на НБА, Мишел Робертс, вели дека лигата ја следи состојбата и дека не е изненадена од растот на бројот на случаи, ако се имаат предвид политиките на Флорида за олабавување на заштитните мерки. Таа додаде и дека е можно да има дополнителни рестрикции за вработените во Дизни кои ќе ги опслужуваат кошаркарите во хотелите и другите објекти.

Би можело да ве интересира

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Флорида ќе им забрани на децата под 14 години да користат социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите