Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Од:

Крис Финч, тренерот на Минесота, би можел да пропушти неколку натпревари на стартот од полуфиналната серија на Западната конференција против Денвер Нагетс.

Финч се здоби со повреда за време на четвртиот и последен натпревар од првото коло против Феникс, кога неговиот играч Мајк Конли налета на него во близина на аут линија.

Тој заработи повреда на коленото поради која беше потребна операција, а според американските медиуми планира да дојде на „Бал Арена“ на првите два натпревари против тимот од Колорадо.

Под услов да се најде безбедно место, би седел и веднаш до теренот. Токму Мајк Конли зборуваше за неговото закрепнување.

„Добро му оди. Денеска разговаравме, имаше операција. Не знаеме дали ќе биде на клупата или не, дали воопшто ќе патува. Не знам дали ќе може да биде премногу блиску до акцијата, се разбира околу мене, се надевам дека ќе се врати што е можно поскоро“, рече Конли.

Искусниот плејмејкер во средата беше прогласен за најдобар соиграч на годината во НБА лигата, но Финч не се согласи со одлуката.

“Тој сакаше да стави вето за мојата награда. Затоа што го повредив. Се шегува, добро е расположен. Се надевам дека процесот на опоравување ќе биде таков што тој ќе биде со нас на првите натпревари во Денвер”, пренесува Конли, кзко се пошегувал неговиот тренер.

Денвер и Минесота се првата комплетна двојка во конференциските полуфиналиња, но засега не се знае точно кога ќе започне таа серија.

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски