(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

Од:

Голема драма се случи во НБА лигата, ноќта меѓу средата и четвртокот, кога кошаркарот на Оклахома, Бизмарк Бијомбо, изгубил свест и паднал на подот. Се се случи во текот на втората четвртина од мечот во кој Тандер го совлада Портланд со резултат 128:120, а споменатиот кошаркар само се струполи покрај клупата додека неговите соиграчи доаѓаа на тајм-аут.

Натпреварот беше прекинат, а Бијомбо брзо доби помош и се упати кон соблекувалната.

Се работи за ветеран кој е во НБА 13 години. Тој го одигра само петтиот натпревар за Оклахома откако потпиша на 10 февруари.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа

Лејкерси го „прегазија“ ривалот, тргнаа по титулата

Предраг Петровиќ