Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа

Од:

Јанис Адетокунбо има разбирање за исвиркувањето на навивачите на Милвоки за време на натпреварот со Јута одигран ноќеска на домашен терен.

Навивачите на Бакс го исвиркаа сопствениот тим во текот на првото полувреме кое заврши со водство на Јута 77:46. Милвоки на крајот загуби со резултат 116:132, со што го претрпе четвртиот пораз во последните пет натпревари.

– Милвоки има одлични навивачи. Но, начинот на кој функционира тимот во последно време е проблематичен. Јасно е дека ако не дадете максимум на теренот, може да бидете исвиркани. Па и јас самиот ќе се исвиркав себеси што играв така, рече Адетокунбо.

Гркот постигна трипл-дабл – 25 поени, 10 скока и 11 асистенции со шут од поле 10 од 20.

Би можело да ве интересира

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

Орце Костов

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид