Фудбалските навивачи од Израел и од палестинските територии ќе можат да патуваат во Катар на Светското првенство со директни чартер летови од Тел Авив според договорот објавен денеска од ФИФА.
Чартер летови до Доха од аеродромот Бен Гурион во близина на Тел Авив, исто така, ќе бидат достапни за сите Палестинци. Договорот се однесува и на жителите на окупираниот Западен Брег и блокираниот Појас Газа, на кои генерално не им е дозволено да патуваат преку главниот аеродром во Израел.
Иако Израел и Катар немаат дипломатски односи, во Доха за фудбалскиот турнир ќе биде формирано привремено конзуларно претставништво. Израелскиот премиер Јаир Лапид рече дека договорот е резултат на „напорна работа во текот на многу месеци“.
Извор: МИА