Победникот од Светското првенство во Катар ќе добие убава сума од ФИФА од 42 милиони долари, додека поразениот ќе си замине дома со 30 милиони долари, тврди францускиот спортски весник „Л’Екип“.
Хрватска, како третопласирана репрезнтација, веќе инкасираше 27 милиони долари, додека Мароко каако четвртопласирани добија 25 милиони долари.
Од друга страна, Француската фудбалска федерација (ФФФ) ќе им даде на своите фудбалери по 586.000 долари во случај на победа над Аргентина.