Претседателот на светската антидопинг агенција „WADA“, Џон Фехи изјави дека над спортот во Шпанија, лебди „голем облак“, се додека не се откријат сите спортисти кои учествувале во операцијата „Пуеро“.
Случајот „Пуеро“ настана од полициската акција во 2006 година, кога беа откриени кеси со крв за илегална трансфузија, а оптужените минатата недела конечно се најдоа пред суд.
Првооптужениот, лекарот Еуфемилијано Фуентес призна дека имал клиенти велосипедисти, тенисери, фудбалери и боксери, но не ги откри нивните имиња.
„WADA“ бара да се идентификува и анализира секоја од тие кеси со крв.
-Тоа мора да се направи за да конечно се подигне „големиот облак“, кој лебди над стоте спортисти во Шпанија. Треба се да се открие, и виновниците да се казнат – изјави Фехи.