Вудворд го поддржа Мурињо и му вети повеќе инвестиции

Од:

Извршниот потпретседател на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд застана зад менаџерот на тимот, Жозе Мурињо.

Во денешното обраќање пред акционерите, кое следеше по објавувањето на годишниот финансиски извештај,Вудворд потсети зошто клубот го избрал Мурињо и вети дека ќе бидат направени доволно инвестиции, за да биде Јунајтед поконкурентен.

– Лесно е да ги посочите флуктуациите во играта, гледајќи натпревар за натпревар. Јас сепак сакам да отстапам чекор назад и да ја погледнам големата слика. Ние сме најголемиот спортски клуб во светот, судејќи по бројот на фанови. Знаеме дека овој статус не обврзува да продолжиме со напорите и инвестициите, за да го задржиме. Одборот, инвеститорите и сите во клубот се во согласност со приврзаниците за тоа како треба да изгледа тимот на теренот и дека треба да се освојуваат трофеи. Тоа е една од причините, поради што го назначивме Жозе Мурињо. Веќе освоивме три титули со него, изјави Вудворд пред акционирите, цитиран од медиумите на Островот.

Би можело да ве интересира

Мурињо: Одбив понуди да бидам селектор на Португалија или на Англија

Одлуката за Санчо и Гринвуд ќе биде донесена на лето

Мурињо: Ја одбив најголемата и најлудата понуда во историјата на фудбалот

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски