Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го претрпеа вториот пораз во АБА лигата откако загубија од Задар на домашен терен со 85:80. Ова за гостите беше прва победа по третото коло.
Во изедначен натпревар двете екипи често го менуваа водството, а во последната минута МЗТ Скопје со кошот на капитенот Дамјан Стојановски поведе со 80:78. Задар до крајот на дуелот постигна седум поени, а не прими ниту еден и заслужено стигна до победата.
Најдобар играч на дуелот беше Пристон Нолс од Задар со 25 поени и 7 украдени топки, додека кај МЗТ Скопје Јуре Лалиќ реализираше 23 поени.
На другите дуели од ова коло: Мега – Морнар 91:70, Партизан – ФМП 87:84, Олимпија – Црвена Звезда 73:82, Цедевита – Игокеа 79:84, Будуќност – Цибона 71:62.
Табела: Црвена Звезда 3-0 (победи-порази), Мега 2-1, Игокеа 2-1, Цедевита 2-1, Будуќност 2-1, Цибона 1-2, Задар 1-2, Морнар 1-2, ФМП 1-2, Олимпија 1-2, Партизан 1-2, МЗТ Скопје А. 1-2.