ВИДЕО: Убедлив пораз на МЗТ Скопје од Будуќност

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје, во третото коло го запишаа и третиот пораз во регионалната АБА лига. На гостувањето во Подгорица, МЗТ загуби од Будуќност со 89:66.

МЗТ, пред фаворитот, потклекна во првата четвртина, која Будуќност ја отвори с 12:2, а ја затвори со 23:10.

Добар период МЗТ имаше во втората четвртина, кога со серија 10:1 се доближи на шест поени негатива.

Сепак, Будуќност експресно ја врати двоцифрената предност и на крајот запиша убедлив триумф, втор во сезоната со еден проаз од Црвена звезда во Белград.

Бре Ајви и Еван Максвел постигнаа по 12 поени, а двоцифрен бепе и Дамјан Стојановски со 10 поени. Тре Бел-Хајнс со 21 поен беше убедливо најефикасен кај Будуќност.

Во наредното коло МЗТ ќе игра против Студентски центар.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Остро го осудувам вчерашниот инцидент, во спортот нема простор за насилство и агресија

МЗТ Скопје го освои Купот на Македонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Обрадовиќ збесна и удри човек, многумина не го видоа тоа во преносот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жестоко во „Пионир“: Навивачите направија хаос, натпреварот Црвена Звезда-Партизан доцнеше

ВИДЕО: Лесор суспендиран на три натпревари поради физички напад

Историско финале за Феникс