(ВИДЕО) Жестоко во „Пионир“: Навивачите направија хаос, натпреварот Црвена Звезда-Партизан доцнеше

Од:

Третиот меч од финалната плејоф-серија од АБА-лигата помеѓу Црвена звезда и Партизан почнa со задоцнување, поради хаосот што се случи во „Пионир“ уште при истрчувањето на паркетот на гостинските кошаркари.

Избраниците на Жељко Обрадовиќ само што почнаа да се загреваат решија да се вратат во соблекувалната, поради канонадата со тврди предмети која беше упатена кон нив, но и поради многуте ласери во публиката со кои беше оневозможено да се подготват за натпреварот.

Набрзо потоа од паркетот се повлекоа и домашните кошаркари како и судиската тројка. Со задоцнување , натпреварот почна, но и во текот на средбата има тензии.

Во финалната серија од АБА лигата Партизан води со 2-0 во победи. Црвена Звезда мора да победи вечерва за да остне во финалето.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците одбија да се ракуваат со Партизан

Фудбалерите на Динамо Киев нема да се ракуваат со играчите на Партизан

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

(ВИДЕО) Хаос во Белград: Жестока тепачка на Гробари и Делии пред големото фудбалско дерби

Катерина Ѓуровски

Навивачите на ПАОК нападнати по дербито во Белград

Предраг Петровиќ

Уапсен поранешниот фудбалер на Партизан

Предраг Петровиќ