ВИДЕО: Инцидент на мечот Будуќност-Мега, Американецот Рид исклучен поради брутален напад

Од:

Несекојдневно насилен почеток имаше мечот од кошаркарската АБА лига меѓу Будуќност од Подгорица и српскиот тим Мега, одигран вечерва.

На половината на првата четвртина, по само пет минути игра, кошаркарот на Мега Филип Петрушев заврши една акција со забивање, по што му дофрли нешто на центарот на Будуќност, Вили Рид. На изненадување на сите присутни, Американецот одговори со брутален удар со бокс со сета сила во градите на младиот српски репрезентативец. По ова, поранешниот НБА-кошаркар беше ескпресно исклучен.

Инцидентот како да им даде поттик на кошаркарите на Мега, кои во тој момент започнаа серија од 15:2, а контролата врз мечот ја задржаа до крајот, нанесувајќи ѝ го на екипата од Подгорица првиот пораз оваа сезона во АБА лигата – 78:72.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ