Втор натпревар на македонските кошаркарки во квалификациите за ЕП

Од:

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија, вечерва во Кавадарци ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи 2015 година во Унгарија и Романија.

По убедливиот пораз во неделата на гостувањето во Литванија 108:66, избраничките на селекторот Горан Јовановиќ, вечерва пред кавадаречката публика во салата „Јасмин“ ќе се обидат да направат изненадување во дуелот со селекцијата на Велика Британија.

Противникот, кој со години наназад е во самиот врв на европската женска кошарка, ја ужива фаворитската улога пред мечот, но мотивацијата, тимскиот дух и домашниот терен даваат дополнителна сила на нашиот подмладен состав, кој амбициозно гледа на добар резултат.

Ова е натпревар од групата Б во која во рамките од 2. коло вечерва ќе играат Белгија и Литванија. Натпреварот Македонија – Велика Британија ќе започне во 19 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ