Врачена државната награда „8 Септември “ од областа на спортот

Од:

Во Владата на Република Македонија денеска беше доделена државната награда „8 Септември“ за 2014 година од областа на спортот. Добитници на државната награда за спорт се Ристо Дарлев, Ленче Алексовска Величковска, Мирослав Петровиќ, Бојан Ангелов, а наградата за животно дело ја доби Стеван Крстески.

Државната награда за животно дело претставува спортска пензија која ќе му се исплаќа на носителот до крајот на животот, додека останатите четири државни признанија претставуваат еднократна исплата во износ на 10 просечни плати во Република Македонија.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески на доделувањето на наградите рече дека симболот на независноста на нашата држава недвосмислено кореспондира со крајната цел на секој спортист – победата.

– Денешниот празник е прослава на победата, а токму таа е лајв-мотив на спортистите и спортските работници. Неслучајно пред три години токму на историски најзначајниот ден во РМ – 8 Септември, се воспостави државната награда за спорт со која државата ја валоризира вредноста и ја искажува својата благодарност до сите оние кои преку спортот успеаја да ја промовираат Македонија и да постигнат високи спортски резултати на меѓународно поле, истакна Спасески.

Тој рече дека е посебно горд што помеѓу овогодинешните добитници на ова највисоко признание има и тренери и селектори кои се од исклучителна важност за секој спортист и спортски тим, како и спортски психолози кои во клучни моменти од натпреварувањата се од огромна поддршка за спортистите.

Претседателот на Одборот за доделување на наградата Зоран Радиќ честитајќи им на добитниците потсети дека на конкурсот за државната награда кој бил распишан од 19 април до 19 мај аплицирале 15 кандидати за признанието за остварувања во областа на спортот и четворица за животно дело.

Ленче Алексовска Величковска изразувајќи благодарност за доделената награда, рече дека тоа ќе и биде поттик и понатаму да работи со врвните спортисти на кои им го посветува ова признание.

– Спортот значи дисциплина и ако делуваме тимски ќе има успех, бидејќи позади успешните спортисти стои експертски тим, рече Алексовска Величковска.

На доделувањето на наградата присуствуваа претседателот и членовите на Одборот за доделување на државната спортска награда „8 Септември“, претставници од националните спортски федерации, од Македонскиот олимписки комитет, спортисти и спортски работници.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска