Во тимот на четврт-финалето само Меси и Ливаковиќ имаат над „деветка“

Од:

Четврт-финалните дуели на Мундијалот во Катар ни донесоа многу драматични пресврти, изненадувања, пенал-серии, конфликти и се она што претставува едно големо натпреварување. На крајот, радоста тука беше за Хрватска, Аргентина, Франција и Мароко, додека со наведнати глави дома си заминуваат Англичаните, Бразилците, Холанѓаните и Португалците.

И кој беше најдобар? Според „Sofascore“ таа чест секако му припаѓа на единствениот Лионел Меси, кој ја предводеше својата репрезентација во драматичната победа на пенали против Холандија, добивајќи висока 9.1 оценка.

Единствен со над „деветка“ е и хрватскиот голман, Доминик Ливаковиќ, најзаслужните за двете пенал-победи на „коцкестите“, а во тимот на колото друштв му прават уште тројца сонародници – Јосип Јурановиќ, Марцело Брозовиќ и ветеранот Дејан Ловрен. Одбраната на Мароко, предводена од Алах и Јамик заслужено е меѓу најдобрите 11, во кои има место и за препородениот Антоан Гризман, еден од најдобрите кај Французите.

Место во најдобрите 11 има и за тројца фудбалери кои веќе се на пат дома – холандското изненадување Вут Вегхорст, англискиот талент Букајо Сака и Бруно Фернандеш од Португалија.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мароканците со фантастичен пречек во Рабат

Горан Наумовски

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил асистент тренер во репрезентацијата на Мароко

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

Најефикасен Мундијал во историјата