Во Прилеп се одржува светски куп во воздухопловно моделарство

Од:

На спортскиот аеродром кај мало Коњари, Прилеп денеска и утре се одржува Светски куп во воздухопловно моделарство.

–  Се одржуваат  два македонски натпревари од Светскиот куп: „Прилеп Куп – Трофеј на Прилеп“ и „Македонија Куп“. Ќе учествуваат 118 натпреварувачи во пет категории за јуниори и сениори од 15 држави. Ова досега е најголем и по бројност и по квалитетот на учесниците, изјави Здравко Тодороски од македонската федерација на воздухопловно моделарство.

Во Прилеп учествуваат светски и европски шампиони и најдобрите од светскиот куп.

– Прилеп по 14. пат е организатор на овие натпревари. Учествуваат светски и европски шампиони и најдобрите од светскиот куп. Се одржуваат натпреварите во воздухопловно моделарство во категоријата слободни летачки модели, која е најтешка и најзастапена во натпреварите во Светскиот куп. По сите анализи во натпреварите од светскиот куп македонските натпревари се едни од ретките каде има толкава бројност, присуство од повеќе држави, и пред се толку висок квалитет на учесниците, вели Тодороски.

Според градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески локалната самоуправа го поддржува секогаш светскиот куп.

Учесниците задоволни од почетокот на дводневните натпревари.

– Среќен сум што по повеќе години дојдов пак во Македонија. Овде неколку години се одржуваат натпрееварите од Светскиот куп зашто локацијата е одлична, вели Дамир Косовиќ од Хрватска.

Натпреварите се одржуваат до вечерните часови и продолжуваат утре.

Составен дел на овие натпревари е и Европскиот „Еурочеленџ“ Куп натпревар за сениори и јуниори во воздухопловно моделарство за едрилици со помала носечка површина.

Вкупно 15 учесници ќе се борат за медалите на прилепските куп натпревари, а воедно ќе се обидат да обезбедат бодови за генералниот пласман во Евро Купот.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он