Во Италија загина 22-годишно момче, а десетици се повредени во шампионската прослава

Од:

Едно лице загина на Сицилија за време на прославата на европската титула што италијанската фудбалска репрезентација ја освои во неделата по триумфот над Англија во Лондон, објавија денеска локалните медиуми.

Локалната полиција соопшти дека жртвата е 22-годишно момче, кое загинало во сообраќајна несреќа, брзајќи на време да стигне на прославата во гратчето Калтаџироне.

За време на шампионското славје низ улиците на Милано, повредени се најмалку 15 лица, од кои тројца потешко.

На југот на Италија, полицијата во градот Фоџа претпоставува дека платен убиец застрелал едно лице и побегнал на мотор, искористувајќи го метежот предизвикан од прославата.

Локалните медиуми известија дека во оружениот инцидент тешко е повредено шестгодишно девојче, внука на застреланиот маж, кое со тешки повреди е пренесено во болница.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Загина жена, а најмалку 17 лица се повредени во пожар во зграда во Рим

Горан Наумовски

Тајни израелски и италијански агенти меѓу жртвите во несреќата на езеро во Италија

Катерина Павлова-Николовска

Водата во главниот канал во Венеција стана флуоресцентно зелена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Еруптираше вулканот Етна – откажани сите летови

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Катастрофа во Италија: 13 загинати во поплави, над 10.000 раселени, штета од милијарди евра

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од поплавите во Италија се искачи на 13, луѓе се удавиле во своите куќи

Ана Ололовска