Виља го постигна својот деби гол во Јапонија

Од:

Дави Виља го реализира првиот погодок откако заигра во Јапонија, откако го донесе успехот на Висел Кобе над Саган Тосу со Фернандо Торес – 1:0.

Поранешниот напаѓач на Барселона и Шпанија, кој се приклучи од американскиот Њујорк Сити пред почетокот на сезоната во Јапонија, ја искористи грешката во одбраната на Тосу за да го постигна единствениот гол на средбата.

Кобе, во чиј состав се забележуваат имињата и на светските шампиони Андерс Иниеста и Лукас Подолски, ја започна новата сезона како фаворит за титулата, но го загуби својот деби натпревар минатата недела.

Саган Тосу, кој едвај се спаси од испаѓање од Џеј лигата минатата сезона, допушти пораз со 0:4 во првиот дуел. Единствените две екипи кои ја започнаа новата сезона со две победи, се Нагоја Грампус и Јокохама Маринос.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ