ВИДЕО: Во Загреб погребан Цицо Крањчар, илјада луѓе го испратија фудбалскиот великан со неговата омилена песна

Од:

Закопот на хрватската фудбалска легенда Цицо Крањчар, кој почина завчера во 65-тата година од животот, се одржа денеска на загрепските гробишта Мирогој, во присуство на околу илјада луѓе, јавија хрватските медиуми.

Фудбалскиот великан и еден од најдобрите напаѓачи во поранешна Југославија во 70-те години, беше испратен од сопругата Елвира, ќерката Лана и синот Нико, како и од стотици членови на неговото поблиско и пошироко семејство, пријатели и соработници.

Крањчар, легендата на загрепски Динамо, беше испратен со неговата омилена песна „Добро ми дошел, пријател“, која присутните ја отпеаја во моментот кога ковчегот беше ставен во возилото со кое телото беше пренесено до гробното место.

Освен свештеникот, говор на погребот одржа само ќерката на славниот фудбалер и тренер, Лана.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска