(ВИДЕО) Вакви навивачи не сте виделе: 3-де кореографија од фановите на Галатасарај

Од:

Пред почетокот на вториот натпревар од Лига на Шампиони, пред натпреварот помеѓу Галатасарај и Браге, домашните навивачи кои беа во „Турк Телеком Арена“ во Истамбул, направија несекојдневна 3 – де кореографија за да го поддржат својот фаворит.

На северната трибина, која беше во боите на клубот од Истанбул, се издигна коњаник, војник кој во едната рака држи меч, а со себе го носи знамето на Галатасарај.

На јужната трибина навивачите направија карта на Европа и банер на кој пишуваше „Повторно ќе ја освоиме Европа.“

Сепак ако се мисли на „походот“ од 2000 година, кога го освоија Купот на УЕФА, а потоа и Супер Купот, тешко дека тоа ќе се повтори и во Лига на Шампиони, бидејќи гостите од Португалија славеја победа 2:0.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ