Досега веројатно најубавиот и највозбудливиот натпревар на Европското првенство беше одигран попладнево во Копенхаген – по неколку пресврти, Шпанија успеа да ја совлада жилавата хрватска репрезентација и да се пласира во четвртфиналето.
Навивачите ширум светот беа почестени со сите состојки на еден фудбалски спектакл – отворено, мајсторско надигрување без калкулации, седум ефектни голови и автогол, резултатска неизвесност и продолженија, а Шпанците на крајот славеа со 5:3.
Шпанија во четвртфиналето се среќава со победникот од вечерашниот меч Франција-Швајцарија.