Саутгејт: Англија треба да го освои Светското првенство за да го заборави неуспехот во финалето на Еуро 2020

Од:

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт изјави дека неговиот тим треба да го освои Светското првенство за да заборави на неуспехот на Европското првенство 2020 играно ова лето.

– Можеби треба да го освоиме светскиот шампионат за да заборавиме што се случи на Еуро 2020. Ништо не се споредува со нивото на игра што го прикажавме, како и со околностите што се случија во мечот за трофејот. Две години се сеќававме на полуфиналето на Светското првенство 2018 година, а сега треба да размислуваме година и пол за победа на Светското првенство 2022 година, истакна Саутгејт.

На 11 јули оваа година, во финалето на Еуро 2020, репрезентацијата на Англија под водство на Саутгејт загуби од Италија со 3:2 на пенали.

Вчеравечер Англија на гостински терен ја победи Унгарија со 4:0 и со максимални 12 бода се издвои на првото место во квалификациската И-група за СП 2022 година.

Би можело да ве интересира

Шкотски весник предлага Манчини да биде прогласен за почесен граѓанин на земјата

Ана Ололовска

Донарума за последниот пенал во финалето: Не славев затоа што не знаев дека победивме

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хаос во Лондон по финалето на ЕУРО, повредени 19 полицајци, уапсени 49 лица

ВИДЕО: Италијанците го донесоа европскиот пехар во Рим

Катерина Ѓуровски

Италија нов европски шампион во фудбал

Мери Јордановска

ВИДЕО: Англија го даде најбрзиот гол во историјата на финалето, пред почетокот на натпреварот масовна тепачка пред Вембли

Мери Јордановска