ВИДЕО: Тепачка на романското дерби, сакаше со шипка да го претепа поранешниот играч на Звезда

Од:

Спортски тепачки на теренот навистина се случуваат, иако никој не сака да гледа такви грди работи. Особено не кога ситуацијата ќе излезе од контрола, како што беше случајот во Романија, каде во дербито на тамошното првенство се судрија кошаркарите на Клуж и Орадеа. Српскиот кошаркар Никола Марковиќ (33), кој одигра една сезона во кариерата за Црвена звезда, беше мета на вознемирениот Кубанец Карел Гузман, кој падна на паркетот по еден не премногу силен контакт што го имааа. Тоа беше само почеток, бидејќи Гузман подоцна се обиде со шипка да го нападне Србинот.

Во 13. минута од натпреварот Гузман ги загуби нервите и почна да се конфронтира со српскиот кошаркар, а целиот тим на Клуж не успеа да го спречи. Прв реагираше Стефан Бирчевиќ, на теренот набрзо излегоа членовите на стручниот штаб, а Кубанецот упорно ги оддалечуваше луѓето од него. Неколку пати дури и судиите го опоменуваа, па немаше дилема дали ќе биде исклучен.

Откако судиите го испратија во соблекувалната, Карел ја напушти салата и на блиското градилиште најде метална шипка со која сакаше да ја финишира тепачката. Гузман беше подготвен уште еднаш да се соочи со српскиот кошаркар, но овојпат добро вооружен, сепак.. во тоа го спречи хрватскиот играч Андрија Стипановиќ, инаку негов соиграч. Се најде во ходникот, на патот на Гузман кон салата и го убеди дека е најдобро да му ја земе шипката пред да дојде полицијата.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ