ВИДЕО: Суперкупот на Шпанија за Реал Мадрид

Од:

Фудбалерите на Реал Мадрид го освоија шпанскиот Суперкуп откако на реваншот ја совладаа Барселона со 2:1 и благодарение на голот повеќе на гостински терен го кренаа трофејот, на првиот натпревар беше 3:2 за Барселона.

Игуаин во 10. минута погоди за водство од 1:0 на Кралевите. На 2:0 зголеми Роналдо во 19. минута. Барселона остана со 10 фудбалери на теренот во 28. минута, откако Адриано доби директен црвен картон за старт врз Роналдо.

Но сепак Каталонците ја имаа иницијативата, намалија на 2:1 преку Меси во 45. минута, но не беа моќни да постигнат уште еден гол.

Реал со триумфот во Суперкупот стигна до својот девети трофеј во ова натпреварување, прв по четири години пауза.


Real MAdrid vs Barcelona 1:0 Higuain


Real Madrid vs Barcelona 2:0 Ronaldo


Real Madrid vs Barcelona 2:1 Messi

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ