Нејмар не можеше да ги сокрие солзите откако Хрватска го елиминира Бразил од Светското првенство во Катар. Тој не успеа ниту да дојде на ред да изведе пенал, со оглед дека Хрватите победија со 4-2. Нејмар требаше да биде петтиот изведувач на пенал во бразилскиот тим.
NEVER DID I EVER REALISE I WOULD BE THAT HEARTBROKEN BY SEEING NEYMAR CRY#brasil pic.twitter.com/x5QNVL3yrH
— celíne.سيلين (@celienecherry) December 9, 2022
Твитер е преполн со фотографии и видеа од бразилската ѕвезда како плаче на теренот откако повторно пропушти да го освои трофејот на најголемото светско фудбалско натпреварување.