ВИДЕО: Слетувањето на падобранец на теренот на мечот Германија-Франција, од сите агли

Од:

Активист за заштита на животната средина на организацијата „Гринпис“ е човекот кој вечерва слета со падобран на стадионот „Алијанц“ во Минхен, a поради неговото „шоу“, доцнеше почетокот на натпреварот меѓу Германија и Франција.

Падобранецот, кој имаше мали проблеми при слетувањето и за малку ќе завршеше во група навивачи, веднаш по атерирањето беше пресретнат од обезбедувањето и набрзина испратен надвор од теренот.

На социјалните мрежи се појавија десетици снимки од неверојатниот лет на човекот со жолтиот падобран, кој на неговото летало имаше напишано порака на осуда на користењето на фосилните горива.

Според германските медиуми, падобранецот најверојатно скокнал од работ на покривот на „Алијанц арената“, а по тешкото слетување, му била пружена лекарска помош покрај теренот.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска: Британец скокал со падобран, се повредил и починал

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски