(ВИДЕО) Скандал во Подгорица: Французот Лесор пцуеше на српски и сакаше да се тепа со играчите на Будуќност

Од:

Несекојдневен инцидент се случи во Подгорица по завршувањето на вечерашниот натпревар од четвртфиналето на Еврокупот во кошарка меѓу Будуќност и Монако. Францускиот кошаркар Матијас Лесор, во моментите кога требаше да даде изјава за медиумите, влезе во расправија со сочни пцовки упатени на српски јазик со домашните кошаркари, а тргна и физички да се пресметува со нив.

Поранешниот кошаркар на белградска Црвена Звезда и соиграч на нашиот Перо Антиќ добро ги познава кошаркарите на Будуќност од бројните средби во европските и регионалните натпреварувања. Тој реагираше откако некој од домашните играчи, веројатно изнервиран од поразот и одличната партија на Лесор, му дофрли во поминување, по што Французот возврати со богат „арсенал“ од погрдни зборови и пцовки кои ги научил во годините од кариерата што ги помина на Балканот.

По голема борба, Монако во мајсторката стигна до пласман во полуфиналето на Еврокупот, победувајќи ја Будуќност со 90:87, а домашните имаа шут за три поени што ќе ги одведеше во продолженија, но Никола Ивановиќ не успеа да погоди.

Лесор беше еден од најдобрите во тимот на Монако со 24 поени.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора