ВИДЕО: Кошаркар на Тирана нокаутираше судија, му се заканува затвор

Од:

Непопуларната кошаркарска лига во Албанија, дојде во центарот на вниманието минатата недела со скандалот кога кошаркарот на Тирана, Бруно Делија заработи доживотна суспензија поради физички напад на судијата во текот на натпреварот со Теута.

Тој, во последната четвртина, влезе во расправа со судијата Јурген Муха, поради фаулот којшто го досуди за противничката екипа. Кошаркарот најпрво започна со псовки, а потоа кога судијата му даде техничка, Делија „експлодираше“ и го удри неколку пати.

Но освен што е суспендиран, медиумите сега потсетуваат дека според тамошните закони му се заканува и казна затвор до пет години поради физичко насилство на спортски терен.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ