(ВИДЕО) Што се случува со европскиот шампион?

Од:

Реванш мечот од полуфиналето во Лигата на шампионите, што вечерва се игра на „Алијанц арена“ во Минхен помеѓу бранителот на тронот, Баерн и мадридски Реал, минува во знакот на гостите.

Реал води со 3:0 по првите 45. минути и победата од 1:0 на домашен терен, со сигурност им гарантира финале. На Баерн му се потребни 5 гола за прогрес.

Два гола постигна Рамос, а еден Роналдо.

Многумина овој дуел го карактеризираа како „финале пред финалето“, земајќи ја предвид и споредбената статистика врзана за двата клуба.

И двата тима досега одиграа по 11 меча оваа сезона, а мадриѓаните беа поефикасни.

Реал постигна 33 гола или три во просек на еден меч, додека Баерн погодуваше 24 пати. Интересно, Бензема, Бејл и Роналдо заедно постигнаа 24 гола.

Реал Мадрид има најмногу победи оваа сезона. Мадридскиот клуб запиша девет победи, едно реми и еден пораз на гостувањето кај Борусија во четврт-финалето на ЛШ. Баерн не беше толку убедлив. Актуелниот европски првак запиша седум победи и по две ремија и порази.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ