ВИДЕО: Шпанија постигна двоцифрен број погодоци против Тахити

Од:

Шпанија стана првата селекција што успеа да постигне десет гола на еден меч на „Маракана“ во Рио де Жанеиро, уривајќи го претходниот рекорд на националниот тим на Бразил, кој во 1957 година го демолираше Чиле со 7:0.

Шпанија успеа да стигне до преубедлив триумф од 10:0 над Тахити во рамките од второто коло од Купот на Конфедерации.

Фернандо Торес ја отвори серијата погодоци во четвртата минута и постигна вкупно четири гола на оваа средба, притоа промашувајќи и еден пенал, по што публиката се воодушеви на трибините, сите навиваа за Тахити.

Давид Виља придонесе со хет-трик во убедливиот триумф, Давид Силва постигна уште два, а Хуан Мата еден погодок.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ