Белгискиот селектор Роберто Мартинез потврди дека си заминува од позицијата по 0:0 ремито со Хрватска по кое Белгија е елиминирана од Светското првенство во Катар. 49-годишниот Шпанец беше на чело на „црвените ѓаволи“ од 2016 година и неговиот договор завршува на крајот на турнирот.
Roberto Martínez confirms he will be leaving his role as the Belgium national team head coach. pic.twitter.com/eidzIImNE4
— FT90Extra (@FT90Extra) December 1, 2022
„Ова беше мојот последен меч со националниот тим, не можам да продолжам. Време е да прифатам дека ова е мојот последен меч. Што и да се случеше, тука ќе беше крајот, без разлика дали ќе станевме шампиони. Од 2018 имав повеќе можности да заминам, да бидам тренер на клубови, но останав лојален до крајот на мојот договор. Денеска, да успеевме да поминеме, мислам дека во нокаут фазата ќе ја видевте вистинската Белгија. Разочарувањето беше против Мароко. Денеска бевме добри, но игравме со добар противник. Првите два меча како да не бевме тоа ние“, изјави Мартинез.
Тој ги предводеше Белгијците до третото место на СП во Русија во 2018 година и до четврт-финале на Еуро 2020 минатата година.