ВИДЕО: Прв гол на Адеми во дресот на Динамо по суспензијата

Од:

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми по речиси две и полгодишна пауза го постигна првиот гол во дресот на Динамо Загреб.

Адеми беше стрелец на третиот погодок за Динамо во победата од 4-2 над Истра во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Хрватска.

Адеми (26) кому летово му престана двегодишната суспензија поради допинг, својот последен гол во дресот на Динамо го постигна на 4 август 2015 година во мечот од Лигата на шампионите против Молде, кој заврши без победник 3-3.

По враќањето од суспензијата, Адеми одигра и еден натпревар за репрезентацијата на Македонија и тоа против Лихтенштајн меч во кој исто така постигна гол за црвено-жолтите во победата од 4-0.

Би можело да ве интересира

УЕФА на Хрватска и ја изрече најголемата казна во историјата поради расистичко однесување на навивачите

Предраг Петровиќ

Почина 15-годишен хрватски фудбалер, колабирал на теренот

Ана Ололовска

Модриќ: Ќе играм за Хрватска и во Лигата на нации

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хрватска немоќна, Меси и Аргентина ќе се борат за титулата

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Аргентинските навивачи со тенк на улица го чекаат натпреварот со Хрватска

Русите имаат решение за мистеријата од Загреб

А1он