Сцена која никому не му годи на стадионот пред настанот на годината во фудбалската елита.
Фудбалерите на Интер и Манчестер Сити на теренот на стадионот Ататурк во Истанбул ќе се борат за трофејот наменет за шампионот на Европа.
Meanwhile in Istanbul. The smoke has reached the stadium. 🔥 #UCLfinal pic.twitter.com/O1pL4JujaM
— Florian Plettenberg (@Plettigoal) June 10, 2023
Додека играчите на двата тима се подготвуваат за тој натпревар, пожарникарите се борат со огнената стихија недалеку од Ататурк.
On the way to the Ataturk… pic.twitter.com/yMlq9ZzcUX
— Ger Gilroy (@gergilroy) June 10, 2023
Во Истанбул избувна пожар, па над стадионот на кој во 21 часот се игра финалето на Лигата на шампионите се гледа густ црн чад.
Како што пишуваат странските медиуми, пожарот избувнал во згради на неколку километри од местото каде што се игра финалето, а новинарите кои се на лице место наведуваат дека чадот најверојатно нема да влијае на најважниот натпревар сезонава во клубот фудбал.
Istanbul is on fire in the distance pic.twitter.com/UkNsycvvKK
— Andy Scott (@andpscott) June 10, 2023
Сити ќе се обиде да дојде до својата прва европска титула, а Интер би ја направил четврти пат во клупската историја.